Програма на лојалност

ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПРЕМИУМ КАРД ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ

ШТО Е ПРЕМИУМ КАРД ПРОГРАМА ЗА ЛОЈАЛНОСТ?

Друштво за трговија на големо и мало и услуги КАЛИН ГРОУП ДОО Скопје, подружница ПРЕМИУМ ТООЛС со седиште на ул. 3-та Македонска Бригада бр. 41, Скопје, со ЕМБС 7180241, (во понатамошниот текст: “ПРЕМИУМ ТООЛС”) со намера да ја изрази својата благодарност за укажаната довербата од своите верни потрошувачи одлучи да воведе ПРЕМИУМ КАРД Програмата за лојалност и да понуди определени поволности кои потрошувачите можат да ги остварат со користењето на ПРЕМИУМ КАРД картичката. Под терминот продажно место во овој текст се подразбира продажно место на ПРЕМИУМ ТООЛС лоцирано на: ул. 3-та Македонска Бригада бр. 41, Скопје 

КАКО ДА СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД ПРЕМИУМ КАРД ПРОГРАМА ЗА ЛОЈАЛНОСТ?

Во ПРЕМИУМ КАРД Програмата за лојалност се пристапува бесплатно со пополнување и потпишување пристапница во продажното место на ПРЕМИУМ ТООЛС. По поднесувањето на пристапницата ќе добиете картичка со единствен сериски број и бар код. Картичката ќе биде активна најмногу во рок од 15 дена по аплицирањето. Картичката се користи при купување во ПРЕМИУМ ТООЛС со нејзино покажување на вработениот на каса. Со картичката добивате попуст од 10% на целосниот асортиман на производи, освен на акциските производи што се веќе на попуст.

ОГРАНИЧУВАЊА

Членството во ПРЕМИУМ КАРД Програмата за лојалност е наменето за лица со наполнети 18 години. Корисниците се одговорни за точноста на податоците наведени во пристапницата односно наведени при регистрација за добивање на ПРЕМИУМ КАРД картичка. Попустот може да се користи единствено од сопственикот на ПРЕМИУМ КАРД картичката. ПРЕМИУМ ТООЛС нема да биде одговорен во случај на неовластено користење, умножување, губење, или било каков вид на злоупотреба на Вашата ПРЕМИУМ КАРД картичка. Доколку ја изгубите Вашата ПРЕМИУМ КАРД картичка или имате било какви сознанија за злоупотреба, Ве молиме неодложно да не известите на loyalty@premiumtools.com.mk и да поднесете писмено барање за блокирање на изгубената ПРЕМИУМ КАРД картичка.

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Со регистрација во ПРЕМИУМ КАРД Програмата за лојалност , Корисникот дава согласност за собирање и обработка на лични податоци од страна на ПРЕМИУМ ТООЛС за целите на издавање на ПРЕМИУМ КАРД картичка односно за добивање на информации за новости, промоции и акции. Дадената согласност за обработка на личните податоци може да биде повлечена од страна на Корисникот во било кое време со испраќање на барање за повлекување на согласноста на loyalty@premiumtools.com.mk или на ул. 3та Македонска Бригада бр. 41, Скопје. По приемот на барањето за отповикување на согласноста, личните податоци на Корисникот ќе бидат избришани, а ПРЕМИУМ КАРД картичката ќе биде поништена и ќе престане да важи.

ПРИФАЌАЊЕ И ИЗМЕНА НА ПРАВИЛАТА И УСЛОВИТЕ

Со регистрација за членство во ПРЕМИУМ КАРД Програмата за лојалност, односно добивање и користење на ПРЕМИУМ КАРД картичката се смета дека се согласувате и ги прифаќате овие Правила и услови. ПРЕМИУМ КАРД го задржува правото еднострано да ги измени и ажурира Правилата и условите на ПРЕМИУМ КАРД Програмата за лојалност, без согласност на Корисникот, објавувајќи ги новите правила и услови на веб страната на ПРЕМИУМ ТООЛС - www.premiumtools.com.mk. Доколку корисникот продолжи со користењето на својата ПРЕМИУМ КАРД картичка по објавувањето на измените и/или дополнувања на овие Правила и услови, се смета дека ги прифатил и се согласува со сите измени и/или дополнувања на Правилата и условите. ПРЕМИУМ ТООЛС има право да ја прекине ПРЕМИУМ КАРД Програмата за лојалност со претходно известување по е-пошта или на својата веб страна.
КОНТАКТ
Доколку имате прашања или сакате да не контактирате обратете ни се на loyalty@premiumtools.com.mk  или по пошта на: Друштво за трговија на големо и мало и услуги КАЛИН ГРОУП ДОО Подружница ПРЕМИУМ ТООЛС Скопје ул. 3та Македонска Бригада бр. 41, Скопје

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛОЈАЛНАТА ПРОГРАМА

Оваа Политика за приватност се однесува на начинот на кој Друштво за трговија на големо и мало и услуги КАЛИН ГРОУП ДОО Подружница ПРЕМИУМ ТООЛС, со седиште на Ул. 3та Македонска Бригада бр. 41, Скопје, со ЕМБС 7180241, (во понатамошниот текст: “ПРЕМИУМ ТООЛС”) врши обработка на личните податоците преку членство во ПРЕМИУМ КАРД Програмата за лојалност како и при посета на веб страницата на ПРЕМИУМ ТООЛС - www.premiumtools.com.mk . На веб страницата на ПРЕМИУМ ТООЛС - www.premiumtools.com.mk може да бидат поставени екстерни врски (линкови) преку кои може да пристапите кон веб-страниците на трети лица, кои не се предмет на оваа Политика за приватност. ПРЕМИУМ  ТООЛС не е одговорен за содржините и практиките и работењето на овие веб-страници па затоа Ве советуваме да се запознаете со нивните политики за приватност. КАТЕГОРИИ НА ПОДАТОЦИ КОИ ГИ ОБРАБОТУВАМЕ - Лични податоци и информации кои Вие доброволно ни ги доставувате и сте согласни да ги обработуваме за цели на членство во ПРЕМИУМ КАРД Програмата за лојалност и за добивање на промотивни пораки; - Информации кои се собираат при посета на веб страницата- www.premiumtools.com.mk

ЦЕЛИ НА ОБРАБОТКА

Обработката на лични податоци се врши само на оние податоци кои ни се доставени од Ваша страна исклучиво врз основа на Ваша согласност и за целта за која се собрани. При регистрација за членство Ви се нуди можност да дадете согласност за користење на Вашите лични податоци (e-mail адреса, телефон) за цели на директен маркетинг односно за да добивате информации за новости, промоции и акции во ПРЕМИУМ ТООЛС. Во секое време можете да ја повлечете Ваквата согласност, доколку поднесете барање , при што Вашата e-mail адреса и/или телефон ќе бидат отстранети од нашата база на податоци.

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

ПРЕМИУМ ТООЛС презема технички и организациски мерки за заштита на личните податоци, спречување на неовластен пристап или нивна злоупотреба. Личните податоци на субјектите се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци и сите применливи прописи. Личните податоците кои ги собираме се чуваат во период определен со закон или за периодот потребен за постигнување на целта на обработката.
ПРЕМИУМ ТООЛС го задржува правото на откривање на Вашите лични податоци на други лица или надлежни органи во случаи кога тоа се бара со закон или е потребно во водењето на некоја судска постапка и/или за заштита на нашите интереси.

ПРАВА НА СУБЈЕКТОТ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Субјектот кој е регистриран како член во ПРЕМИУМ КАРД Програмата за лојалност има право да добие информации за категориите на податоци кои се обработуваат и за која цел, право на пристап, право на исправка во случај кога податоците се неточни или неажурирани, како и право на бришење на личните податоци, со поднесување барање до ПРЕМИУМ ТООЛС. ПРЕМИУМ ТООЛС има обврска да одговори на барање на субјектот на личните податоци во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето. Доколку Друштвото еднаш одговорило на барање на субјектот, нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање, ако во меѓувреме нема промени во личните податоци, освен ако изминале шест месеци од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање. Дадената согласност за обработка на личните податоци може да биде повлечена од страна на Субјектот (член во ПРЕМИУМ КАРД Програмата за лојалност) во било кое време со испраќање на барање за повлекување на согласноста на loyalty@premiumtools.com.mk или на ул. 3та Македонска Бригада бр. 41, Скопје. По приемот на барањето за отповикување на согласноста, личните податоци на Субјектот ќе бидат избришани, а ПРЕМИУМ КАРД картичката ќе биде поништена и ќе престане да важи.

ПРИФАЌАЊЕ И ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Со посетата на веб страната- www.premiumtools.com.mk како и со регистрација за учество во ПРЕМИУМ КАРД Програмата за лојалност, се смета дека се согласувате и ја прифаќате оваа Политика за приватност. ПРЕМИУМ ТООЛС го задржува правото во било кое време да ја измени или дополни оваа Политика за приватност, објавувајќи ја ажурираната верзија на веб страната на ПРЕМИУМ ТООЛС - www.premiumtools.com.mk

КОНТАКТ

Сите прашања, барање или предлози во врска со Политиката за приватност или со обработката на личните податоци, можете да ги доставите на следната e-mail адреса loyalty@premiumtools.com.mk или по пошта на ул. 3та Македонска Бригада бр. 41, Скопје.

За нас

Работно време:

Понеделник - Петок: 09:00 - 18:00 ч.
Сабота: 10:00 - 15:00 ч.
Недела: Затворено

Premium TOOLS
Бул. 3-та Македонска Бригада 41
1000 Скопје

Локација: https://goo.gl/maps/QHjSYUaXi8GKhcTm8

Контакт

  • +389 (2) 2401 015
  • +389 70 253 303
  • info@kalin.com.mk

Facebook

КАЛИН ГРОУП ДОО © 2024. UKION SHOPS